Бурна новогодишна ноќ во Гостивар со серија инциденти во угостителски објекти, вклучувајќи пукање од пиштол и физички пресметки.

Најсериозниот инцидент се случил 20 минути по полноќ во објект на улицата „ЈНА“. Според полицијата, 17-годишник од Германија испукал неколку куршуми од гасен пиштол „Валтер“ внатре во објектот, откако претходно бил нападнат од 33-годишниот Е.И. Полицијата веднаш интервенирала, при што малолетникот е приведен и одземен му е пиштолот. Во истиот објект, приведен е и В.А. (21) кој нападнал полициски службеник додека интервенирал.

Неколку часа подоцна, во 04:30 часот, во Ургентниот центар во Гостивар завршил З.М. (51). Тој пријавил дека по кратка расправија во друг угостителски објект, бил претепан од сопственикот на локалот и исфрлен надвор.

Полицијата работи на целосно расчистување на овие случаи.

Exit mobile version