Директорот на Пазарна: Ќе ги објавиме називите на фирмите кои нема да ги почитуваат мерките

Директорот на Пазарна инспекција, Горан Трајковски им порача на трговците дека јавно ќе ги објави нивните називи, доколку не ги почитуваат одлуките на Владата со кои треба да се намалат цените на лебот, млечните производи, тестенините. Тој го повтори ставот дека одлуките на Владата се исправни. Досега, немало нерегуларности низ маркетите.

„Во моментов до сега има намалување на цените, повеќе од 16о инспектори се на терен како што кажав претходно во текот на денот ќе излеземе со подетални информации. Апелирам како директор, бидејќи имаше шест дена период да се прилагодат трговците за почитување на оваа одлука апелирам истиот да го направат бидејќи законот за трговија санкциите се високи од 800 до 10 илјади евра а ние како ДПИ без никаква селекција ќе ги вршиме надзорите максимално до крај и по закон“, вели Трајковски.

Тој посочи дека утрово немало непочитување на владините одлуки.

„Од утринава до сега нема нерегуларности, до пред половина час, но како што кажав пред се би сакал да го почекам да го добијам деталниот извештај до крајот на денот во текот на денешниот ден или утре да излеземе со подетални информации и доколку има ние како ДПИ ќе ги објавиме со називите на субјектите каде има бидејќи овие одлуки се во интерес на граѓаните. ДПИ како и до сега така и од сега постапува со полн капацитет и повеќе во текот на денот по увидување на фактичката состојба ќе можеме да дадеме подетални информации“, додаде Трајковски.

16.03.2023 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега