Директорот на ФБИ, Кеш Пател, ја обвини поранешната администрација на Џо Бајден дека со години задржувала клучни докази поврзани со истрагата за цевните бомби поставени пред зградите на политичките партии во близина на Капитол Хил. Во изјава за „Фокс њуз“, Пател тврдеше дека случајот речиси пет години бил во застој без нови сознанија, оценувајќи го тоа како „некомпетентност или намерна небрежност“, пренесува „Њујорк пост“.

Во меѓувреме, уапсен е Брајан Кол од Вирџинија, кој е обвинет дека на 5 јануари 2021 година поставил експлозивни направи пред седиштата на двете партии. Истражителите го поврзале со случајот преку банкарски трансакции и податоци од неговиот мобилен телефон.

Пател истакна дека при внатрешната ревизија биле прегледани околу три милиони докази. Заменик-директорот Ден Бонгино додаде дека ФБИ „верува дека конечно го има вистинскиот осомничен“.

Exit mobile version