На свеченото одбележување на 34 години од постоењето на Царинската управа, директорот упати невообичаено остри и јасни пораки до сите кои се обидуваат да го поткопаат системот. Тој нагласи дека институцијата веќе не е истата и дека промените, иако бараат време, се незапирливи.
Во својот говор, тој директно им одговори на скептиците и на оние кои се обидуваат да ги минимизираат успесите на Управата.
„Резултатите се лесно видливи за секој кој сака да ги види. За оние кои не сакаат од најразлични причини, сонце да сме па нема да можеме да ги огрееме затоа што чадор ќе извадат“, порача директорот.
Тој категорично вети дека борбата против корупцијата и шверцот ќе продолжи со уште поголемо темпо.
„Денеска ќе бидам посебно јасен и гласен. Не апелирам, туку ВЕТУВАМ: За криминалот нема да има место таму каде што секој Божји ден се трудиме да градиме силна институција.“
Настанот беше заокружен со пораката дека Царината останува клучниот столб на државната безбедност и економија, поддржана од силни инвестиции во нови проекти од 30 милиони евра.
На свечен настан во присуство на висок државен врв, државниот јавен обвинител, пратеници, дипломатскиот кор, неговото високопреосвештенство Митрополитот Кумановски-осоговски, претставници од бизнис заедницата, меѓународните организации, царинските службеници и други гости одбележавме 34 години од основањето на Царинската управа.
Директорот истакна дека од јули 2024, Царинската управа континуирано бележи значајни резултати: Од јули 2024 оперативно спречивме 2.700 обиди за нелегални дејствија и поднесовме 332 кривични пријави, финансиски во континуитет ги зголемуваме приходите на државата и го зајакнуваме економскиот систем, реформски спроведуваме проекти вредни 30 милиони евра.
Овие бројки се доказ дека нашата посветеност и стручност носат конкретни резултати – Резултати кои се лесно ВИДЛИВИ И МЕРЛИВИ. За секој кој сака да ги види. За оние кои не сакаат од најразлични причини, сонце да сме па нема да можеме да ги огрееме затоа што чадор ќе извадат.
Денеска, не случајно, ќе бидам посебно јасен и гласен. Не апелирам, туку ВЕТУВАМ: За криминалот нема да има место таму каде што од петни жили секој Божји ден се трудиме да градиме силна институција. Промените во системот бараат време, но и одлучност.


