Директорот Арбен Зибери, кој беше разрешен од Филипче, стана пратеник

Екс директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, кој беше разрешен од министерот за здравство Венко Филипче, е меѓу 15-те пратеници на ДУИ по вчерашните предвремени парламентарни избори. Зибери е втор на листата за пратеници од ДУИ во Првата изборна единица, веднаш по потпретседателот на интегративците Изет Меџити. 

Зибери беше разрешен од функцијата директор на ЦЈЗ Скопје поради, како што рече тогаш министерот Венко Филипче, пласирање неточни изјави во јавноста, со што директно наштетил на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот.

Зибери тогаш на Фејсбук се пофали дека издејствувал Комисијата за заразни болести да предложи отворање на границите со цел да се вратат иселениците и да гласаат на изборите за премиер Албанец.

По ова Зибери реагираше дека Филипче ја злоупотребува владината говорница за изборни препукувања и порача дека тој како кандидат за пратеник има право на социјалните мрежи да објавува политички ставови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега