Директорката на Инфективна: Јас се уште не сум вакцинирана,но причината не е недоверба во вакцината

 

 Вакцинацијата на здраствените работници трае и досега нема пријавено сериозни несакани реакции, вели во интервју за МИА директорката на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, Милена Стевановиќ, но самата таа се уште не е вакцинирана.

 – Јас се уште не сум вакцинирана, но причина за тоа не е недовербата во вакцината, која било, туку поради тоа што пред многу кратко време ја поминав инфекцијата, па очекувам да ја примам вакцината некаде на лето или можеби пролет.  

Вели дека откако некој ќе заболи треба да помине одреден период за да се вакцинира.

-Зависно и од тежината на болеста, зависно и од времето кога е помината инфекцијата и тоа секако ќе биде достапно за секој еден пациент како информација кога да се пристапи кон вакцинирањето. Во моментов во секој случај предност имаат сите оние кои не ја прележале инфекцијата.  

Таа наведува дека оние кои се вакцинирале не смеат да се опуштаат и мора да внимаваат на сите мерки.

-Ние сме сведоци на известувања од целиот свет каде што е почнат процесот на вакцинација дека има голем број на луѓе кои после давањето на првата вакцина пројавиле симптоми и биле позитивни. Тоа само значи дека не се дочувале во периодот по вакцинирањето и не ги применувале мерките. Јас знам дека сите ние очекуваме што побрзо да ги фрлиме маските, но не треба да бидеме нетрпеливи. Помина навистина многу долго време, навистина мораме да се стрпиме и во периодот и по вакцинирањето се додека не стекнеме имунитет.  

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2021 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега