Директори на основни училишта се степаа во дискотека во Кавадарци


Директори на две основни училишта во Кавадарци вчера се степаа во ноќен клуб во центарот на градот.

Двајцата се приведени во полиција под дејство на алкохол за напад на обезбедувањето и нарушување на јавниот ред и мир.

Родителите на децата велат дека се згрозени од настанот.

„Ние како родители сме згрозени од ваквиот однос во дискотека каде излегуваат нашите деца и бараме да се превземе одговорност и да си поднесат морални оставки. Градоначалникот и градот да превземат мерки за ваквиот недоличен однос од страна на директорите на основните училишта“, порачаа родителите преку локалната фејсбук група „Реално Кавадарци“, каде што беше објавено видео од тепачката.

10.06.2023 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега