Димовски за Амди Бајрам: Ја сакаше Македонија и страдаше што мораше да направи така како што направи последните години

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ упати сочувство до семејството на Амди Бајрам, кој денеска починал на 64-годишна возраст, поради проблеми со срцето.

„Го познавав долги години, беше весел, итар, полн со анегдоти, секогаш внесуваше смееа, па и во најтешки моменти...

Фармерките од Трст, првите негови избори за пратеник, голот со пета, годините на незаслужен одмор во Идризово, велешкото потекло на неговата мајка,... се само мал убав дел од памтењето на неговите зборови...
Ја сакаше Македонија и страдаше што мораше да прави така како што направи последните години...
Нека Господ го чува весел каков што беше!
Бог да го прости“, напиша Димовски на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега