Димовски: Колку подоцна се изборите, толку подобро за ВМРО-ДПМНЕ

Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21, дебатиравме со Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, и Андреј Петров од СДСМ. Поранешните пратеници зборуваа за изборите кои ќе се случат идната година.

Димовски кажа дека од партиска гледна точка, подобро за ВМРО-ДПМНЕ е подоцна да се одржат изборите, со цел да се увидат штетните последици од владеењето на оваа гарнитура.

„Колку се подоцна изборите, толку подобро за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што ќе можат да се увидат штетните последици од владеењето на власта. Она што ќе беше поодговорно, дека имаме судир околу промената на Уставот, да направиме веднаш избори и да видиме кои се решенијата кои ги нудат политичките партии, но од власта играа на картата што подолго да бидат на власт, и тоа е на штета на граѓаните и на самите партии“, рече Димовски.

30.11.2023 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега