Димовски: Има македонско малцинство во Бугарија

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ вели дека и во Бугарија и во Грција има македонско малцинство.

Тој преку социјалните мрежи повика од граѓаните на што е можно поголем притисок за борба за правата на Македонците во овие две држави.

-Притисокот од сите нас, од сите граѓани, ја предизвика Софија секој ден да дава изјави дека нема македонско малцинство, со тоа верификувјќи го дека постои... Уште повеќе и уште посилно да продолжиме... Нема поголема битка од оваа... Штом одиме во Европа, нека биде тоа европски... Човекови права за сите... Има македонско малцинство во Бугарија! Има македонско малцинство во Грција, напиша Димовски на Фејсбук.

 

01.02.2022 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега