Димовски: Бучковски ќе е наш специјален претставник за Бугарија или бугарски за Македонија?
Владата на вчерашната седница го именуваше поранешниот премиер Владо Бучкоски за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија по што следуваа низа реакции.
На Твитер се огласи и Илија Димовски, член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен пратени, па постави прашање кого ќе претставува Бучковски.
„Чекајте, не ми е јасно... Профата Бучковски ќе е наш специјален претставник за Бугарија, или бугарски за Македонија?“ напиша Димовски.
Чекајте, не ми е јасно...
Профата Бучковски ќе е наш специјален претставник за Бугарија, или
бугарски за Македонија?— Ilija Dimovski (@ilijadimovski) December 1, 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа