Close Menu
    Најново

    Крај на телевизиската ера на Оскарите – од 2029 година ќе се емитуваат преку Јутјуб

    18.12.2025 во 23:46

    Маж од Градско излетал од коловозот со автомобил кај мостот на Црна Река

    18.12.2025 во 23:29

    На Зеленски итно му требаат пари

    18.12.2025 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Крај на телевизиската ера на Оскарите – од 2029 година ќе се емитуваат преку Јутјуб
    • Маж од Градско излетал од коловозот со автомобил кај мостот на Црна Река
    • На Зеленски итно му требаат пари
    • Трипуновски: Откупени се околу 15 милиони килограми тутун
    • Скопјанка си го истепала синот со здравствени проблеми
    • 3 хороскопски знаци ќе се збогатат на игри на среќа до 25 декември
    • Се урна приватен авион во Северна Каролина
    • За да ве следи среќа цела година- запомнете го утрешниот датум
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Димитровски: За 72 часа ќе се исчистат дивите депонии во Скопје, ќе се воспостави систем кој ќе функционира долгорочно

    Димитровски: За 72 часа ќе се исчистат дивите депонии во Скопје, ќе се воспостави систем кој ќе функционира долгорочно

    01.10.2025 во 20:49
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Носителот на листата за Град Скопје, Даме Димитровски, во дебата на Канал 5 посочи дека граѓаните на главниот град се оставени без систем и без ред, а претпријатијата едвај опстојуваат поради блокадите и долговите што ги наталожила актуелната градоначалничка Арсовска.

    Според него, Вардариште можело одамна да биде претворено во зелена површина, но четири години останало само неостварено ветување.

    Тој истакна дека управувањето со отпад е еден од најгорливите проблеми на Скопје и дека е крајно време да се воспостави ред.

    Димитровски објасни дека првиот чекор е систематизација на управувањето, потоа воведување селекција со втора и трета канта, за во „Дрисла“ да стигнува значително помалку отпад.

    „Мора да овозможиме прописно справување со останатиот отпад, а во исто време да ги едуцираме граѓаните за негова селекција“, нагласи тој.

    Во однос на актуелната состојба, Димитровски посочи дека системот за јавен превоз и управувањето со отпад буквално се распаднале. „Ако порано имало каков-таков систем, сега тој целосно исчезна. Се дозволи отпад од Тетово да се носи во Дрисла, а наместо решенија, добивме хаос“, истакна тој.

    „Нашата порака е јасна, во 72 часа ќе се исчистат дивите депонии, а потоа ќе се постави систем кој ќе функционира долгорочно и чесно. Време е за акција, време е за решенија“, нагласи Димитровски

    Популарно

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Пијан прилепчанец со скоро 2 промили алкохол седнал зад волан – полицијата го уапси

    17.12.2025 во 11:42

    Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    16.12.2025 во 10:50

    Горивата драстично поевтинуваат од полноќ

    15.12.2025 во 14:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.