Close Menu
Press24
    Најново

    Ацо Ристов предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

    17.03.2026 во 15:38

    МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

    17.03.2026 во 15:20

    Димитровски учествува на ЦЕИ во Трст: Акцент на европската перспектива на регионот

    17.03.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ацо Ристов предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
    • МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари
    • Димитровски учествува на ЦЕИ во Трст: Акцент на европската перспектива на регионот
    • Филипче: Анкетите си покажаа – ВМРО бележи пад, а СДСМ раст на поддршката
    • ОКТА: Сите наши клиенти добија попуст и истиот е соодветно пресметан во фактурите
    • Постигнат договор во Персискиот Залив: Иран дозволи танкери да поминат низ блокираниот проток
    • Министерство за земјоделство: Исплатени над 280 милиони денари кон повеќе од 4.700 корисници
    • Петрушевски: Дебаклот на протестот организиран од СДС и ССМ докажа кој реално мисли и помага на граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитровски учествува на ЦЕИ во Трст: Акцент на европската перспектива на регионот

    Димитровски учествува на ЦЕИ во Трст: Акцент на европската перспектива на регионот

    17.03.2026 во 14:483 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Зоран Димитровски, денеска во Трст, учествуваше на Kонференција по повод одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на Централно европската иницијатива (ЦЕИ).

    Настанот беше одржан под покровителство на Италијанската Влада и беше воден од страна на потпретседателот на Владата и министер за надворешниработи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Антонио Тајани и министерката за надворешни работи на Романија, Оана Тоу, како земја актуелен претседавач со иницијативата. Конференцијата беше посветена на темата „Триесет години соработка и посветеност: oд политика кон акција и регионална поврзаност”, а во фокусот на дискусиите беа регионалната соработка, поврзаноста и европската интеграција како клучни предуслови за стабилноста, безбедноста и економскиот развој на Европа.

    Во своето обраќање, заменик министерот, Димитровски, ја нагласи стратешката димензија на европската интеграција на Западен Балкан при што истакна дека Европската унија и земјите од Западен Балкан се меѓу зависни, а безбедноста не е еднонасочна улица. Овие земји не се периферија на континентот, туку интегрален дел од европската архитектура на стабилност. Оттука, интеграцијата на земјите од Западен Балкан, не е само политичка цел, туку и стратешка неопходност за Европа во целина.

    Димитровски потенцираше дека Северна Македонија ги исполнува своите обврски. Земјата го усогласува законодавството, целосно се придржува до надворешната и безбедносната политика на ЕУ и активно придонесува кон регионалната стабилност. Сега, истакна тој, е неопходна реципрочна поддршка. Таа треба да дојде во вид на конкретни интеграциски мерки како СЕПА, роаминг, зелени коридори и развој на инфраструктурата. Реалното олеснување на четирите слободи, капитал, стоки, услуги и луѓе, не е симболичен чин. Тоа е темелот на економската конвергенција и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

    За време на конференцијата, заменик министерот, Димитровски, имаше средби со повеќе колеги од земјите учеснички, меѓу кои и со државниот секретар за безбедносна политика во унгарското Министерство за надворешни работи и трговија, г. Петер Старај. Централни теми на разговорите беа интензивната соработка што двете земји ја развиваат во изминатиот период како потврда за стратешкото партнерство, заедничката заложба за унапредување на дијалогот и натамошно динамизирање на секторската соработка. Посебно беа истакнати одличните економски врски, потврдени со фактот дека Унгарија е меѓу десетте најголеми трговски партнери и инвеститори во Северна Македонија.

    За нас, ЦЕИ во изминатите три децении претставува значаен мост кој ги поврзува регионите, институциите и политиките. Основана во 1989 година, ЦЕИ денес брои 17 земји членки и е позната како една од најстарите и најинклузивни регионални иницијативи на европскиот континент, која успешно ги поврзува земјите членки на ЕУ со државите кандидати и ги трансформира политичките цели во конкретни резултати на терен.

    Популарно

    Ќе нема струја до 16 часот – Најавени исклучувања во повеќе скопски населби и села

    17.03.2026 во 08:24

    Полицаецот кој ја загуби ќерката во Пулс со потресна исповед: „И ја видов кондурата, па ја видов Стефанија како лежи”

    17.03.2026 во 10:20

    Жена остана без 2.000 € и 1.000 $ – МВР приведе скопјанец

    17.03.2026 во 10:03

    Подгответе се за невреме – Лош пресврт со времето

    17.03.2026 во 07:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.