Димитриевски: Заев ме разочара

Максим Димитриевски, градоначалникот на Општина Куманвоо, во интервјуто за „Република“ и „Пресинг ТВ“ нагласува дека бил разочаран од поранешниот премиер, Зоран Заев.

Тој вели дека се надева дека новото движење „За нашите граѓани“ ќе доживее успех бидејќи граѓаните тоа го препознавале.

Одговарајќи на новинарското прашање вели дека не бил разочаран од СДСМ, што не го поддржила на локалните избори. 

„Секако дека не може да се бега од одговорност.Јас бев составен дел од тој тим , силно верував во тие идеи и во движењето “нема правда нема мир“ и во концептот „едно општество за сите“ но во одреден период се разочарав бидејќи очекував дека нешто ќе се промени нешто.Во континуитет се напаѓаа тогашните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Од моментот кога се дојде на власт се претворивме во нешто полошо.Секоја власт како и да дојде владее уште полошо од претодната.Убеден сум дека нема да биде случај со нашето движење и ќе работиме отчетно и транспарентно како што работиме во Куманово. Дефинитивно сум разочаран од Заев, инаку не би се пријавил да бидам независен кандидат.Кога ќе се разочарате од поединци , од сите оние дадени интервјуа, многу ветено малку остварено нормално е да се разочарувате. Но тоа е човекот, човекот еволуира низ својот процес на созревање“, изјави Димитриевски во интервјуто.

03.12.2022 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега