Close Menu
Press24
    Најново

    Што би смениле кога би можеле да го живеете животот од почеток?

    18.03.2026 во 23:45

    Беџети се пожали: Пораки од Собрание добивам само на македонски

    18.03.2026 во 22:52

    Ифтарска вечера организирана од Коњановски

    18.03.2026 во 22:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Што би смениле кога би можеле да го живеете животот од почеток?
    • Беџети се пожали: Пораки од Собрание добивам само на македонски
    • Ифтарска вечера организирана од Коњановски
    • ФОТО: Мицкоски разговараше со Фон дер Лајен
    • Почина Архиепископот на Грузија, Илија II
    • Израелски удар во срцето на Техеран: Убиен министерот за разузнавање Есмаил Хатиб
    • (ВИДЕО) „Реки од народ“ во Техеран: Масовна поддршка за иранските воени операции
    • Милошоски – Лексман: Членството во ЕУ е заемно корисно за стабилноста
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриевски: Куманово оди во насока да продолжам да го водам и во следниот мандат

    Димитриевски: Куманово оди во насока да продолжам да го водам и во следниот мандат

    24.10.2025 во 11:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Евидентна беше волјата на кумановци на гласањето во првиот круг на избори кои тие ја изразија слободно на избирачките места, а која значи поддршка за мене, порача кандидатот за градоначалник на Куманово и лидер на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитириевски. „Врз основа на резултатите од гласањето за советничките листи и особено на она за кандидатите за градоначалник , повеќе од јасно е дека Куманово оди во насока да продолжам да го водам и во следниот мандат“, ја коментираше Димитриевски разликата во гласови меѓу него и неговиот противкандидат во вториот круг, која е поголема од 10 илјади, се вели во соопштението од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија (ЗНАМ).

    Во вториот круг Димитриевски очекува поддршка од сите гласачи.

    „Јас се обраќам кон сите и не ги делам гласачите ниту по партиска, ниту по етничка, ниту по верска основа. А, никогаш тоа и не сум го правел. Затоа во рамките на поддршката што сум ја добивал секогаш имало гласови од сите етнички заедници, но и од останати партии. Впрочем тоа го имаше и при изборите во мојот прв и втор мандат, а и при гласањето на 19 октомври на овие избори“, потенцираше Димитриевски.

    Во минатите осум години, вели тој, еднакво работел и во македонски и во албански и во српски и во ромски средини. Затоа смета дека не е пресудно за предност кој ќе биде поприсутен во медиумите, туку колку бил ефикасен во текот на својот мандат.

    „Кога одам во град ми велат – работиш повеќе во село, кога одам во село – ми велат работиш повеќе во приградски населби. Таму пак, сметаат дека повеќе вложувам во градот. Кај Албанците се има впечаток – дека повеќе работам кај Македонците, Македонците сметаат обратно – дека повеќе работам кај Албанците, истата приказна е и кај Ромите. Но, на крајот сите велат едно исто – дека работам“, порача Максим Димитриевски.

    Популарно

    Што би смениле кога би можеле да го живеете животот од почеток?

    18.03.2026 во 23:45

    Беџети се пожали: Пораки од Собрание добивам само на македонски

    18.03.2026 во 22:52

    Ифтарска вечера организирана од Коњановски

    18.03.2026 во 22:41

    ФОТО: Мицкоски разговараше со Фон дер Лајен

    18.03.2026 во 22:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.