Димитриевски: И мене директор ми рекол дека не ми вработува луѓе, па не сум го разрешил

Поддршка за некогашниот директор на ДПИ, Стојко Пауновски, даде и кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Тој во Студио 10 на ТВ 24, порача дека се соочил со таква ситуација како градоначалник, па не повлекол таков потег за разрешување.

„И мене директор ми рекол дека не ми вработува луѓе, па не сум го разрешил!“ - изјави Димитриевски.

Тој беше еден од првите истакнати членови на СДСМ кој јавно почна да се спротивставува на политиките на неговата партија пред  се незадоволен од начинот на кој државата се справуваше со корона кризата. Вчера во изјава за медиумите, Димитриевски рече дека сепак очекува СДСМ да го кандидира повторно за градоначалник на Куманово бидејќи има најголема поддршка меѓу граѓаните а актуелната владејчката партија не може да си дозволи да ги загуби изборите во најбројната општина во Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.04.2021 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега