Димитриевски: Единствената коалиција со која ќе настапиме на следните парламентарни избори се граѓаните

„Единствена коалиција со која ќе настапиме на следните парламентарни избори се граѓаните. Впрочем, затоа е и граѓанско движење, а не политички субјект. Ќе се обратиме до сите, без разлика на нивната партиска и етничка припадност и очекувам да се приклучат сите оние кои што сакаат да припаѓаат на еден концепт за чесно, одговорно и домаќинско работење“. Ова го истакнува градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во мега интервјуто за печатениот медиум Фокус.

Тој информира дека по завршување на изборите во зависност од резултатите ќе ја понудат политичката и програмска платформа до сите политички субјекти кои се држат по стратешките државни начела за евроатланска иднина на Македонија и ќе бидат во коалиција со оние кои ќе бидат спремни истата да ја прифатат и на неа интензивно да работат.

19.02.2023 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега