Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61% во однос на одлуката од 15.6.2026 година.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 4,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 7,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,932 ден/кг и сега ќе изнесува 42,291 ден/кг.
Од 23.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 79,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,291 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.6.2026 година.
- Акција на МВР: Лишени од слобода 16 возачи, меѓу нив и малолетници
- Собранието в среда ќе расправа за интерпелацијата на Тошковски, утре пристигнува ребалансот на Буџетот
- Со тврди предмети и ножеви ги напаѓале сопругите, мајките и ќерките – уапсени седуммина насилници
- Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на исчезнатото 8-годишно дете во реката Драва
- Деветнаесетгодишно момче се удави во базен во Угљевик
- ВМРО-ДПМНЕ со реакција до СДММ: Разликата е јасна, додека СДС зборува, ние реализираме проекти за младите
- СДСМ: Реконструкцијата на Владата е само „нова амбалажа за ист производ со поминат рок“
- Да бидеме хумани: Повторно се врати болеста кај Тони Ташев, итно се собираат средства за операција


