Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД
Владата ќе ја продолжи дискусијата со администрацијата на САД за воспоставување слободна трговија, вели министерката за финансии во изјава за медиуми од Економскиот форум во Делфи, на кој во економскиот дел во фокусот се последните одлуки на САД за царините.
„Клучно е дека Европа е подготвена, многу е смирена. Тука се присутни претставници и од Светска Банка и од ММФ, од ЕБОР и гледам една смиреност кај нив. Мислам дека работите за брзо време ќе се вратат во нормала. Една беше дискусијата вчера со толку високи царински стапки, денеска веќе е нешто друго, нешто што и американската економија може да го поднесе. Не очекувам некое големо влошување особено за македонската економија. Заклучоците од економистите на Форумот се дека ова е крајот на глобализацијата и дека економистите се едногласни оти Америка најмногу ќе страда бидејќи очекуваат инфлација таму и многу низок раст на економијата“, рече Димитриеска-Кочоска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа