„Македонија влегува во новата година постабилна, поорганизирана и со значително посилни темели отколку на почетокот на 2025-та“. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето новогодишно обраќање, потенцирајќи дека финансискиот сектор е ликвиден, а довербата кај меѓународните партнери е вратена.

Таа нагласи дека годината што изминува била година на тешки, но неопходни одлуки.

„Со одговорно управување, дисциплинирана фискална политика и контрола на јавната потрошувачка, успеавме да ги стабилизираме јавните финансии. Го задржавме дефицитот под контрола и ја зачувавме ликвидноста на буџетот“, рече министерката.

За 2026 година, Димитриеска-Кочоска најави продолжување на фискалната консолидација и создавање услови за нови инвестиции кои ќе бидат основа за подобар животен стандард.

Exit mobile version