Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска упати апел до граѓаните да не подлегнуваат на вештачки создадени кризи. Таа потврди дека по вчерашниот состанок со сите нафтени компании во земјава, констатирано е дека залихи има и снабдувањето е апсолутно стабилно.
За да се спречат злоупотреби и вештачки поскапувања, Државниот пазарен инспекторат веќе посетил над 100 бензински пумпи во само едно деноноќие.
Ниту една компанија не пријавила проблем со количините на нафта.
Министерството за финансии има алатки (намалување на акцизата за 1, 2 или 4 денари) доколку цените драстично пораснат.
Регулаторната комисија за енергетика како независно тело ќе ја донесе следната одлука за цените на почетокот на неделата.

