Close Menu
Press24
    Најново

    Сијарто дециден: Унгарија нема да купува поскапа нафта само за да му угоди на Западот

    13.03.2026 во 23:50

    CNN: Иран се соочува со токсичен „коктел“ по нападите врз нафтените складишта

    13.03.2026 во 23:20

    Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда

    13.03.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сијарто дециден: Унгарија нема да купува поскапа нафта само за да му угоди на Западот
    • CNN: Иран се соочува со токсичен „коктел“ по нападите врз нафтените складишта
    • Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда
    • Пленковиќ алармира: Новото кинеско оружје на Србија е прашање со кое мора да се занимава НАТО
    • Вучиќ најави масовно вооружување: Србија купува нови ракети и воена опрема
    • САД подготвени за масовен удар: „Трамп ги држи сите карти во свои раце“, тврди Хегсет
    • Лов на „глави“: САД нудат 10 милиони долари за информации за Мојтаба Хамнеи
    • Нафтата „лета“ во небо: Цената на барелот надмина 102 долари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска: Нашиот пристап е јасен и двонасочен – силна поддршка на приватниот сектор и навремено сервисирање на обврските

    Димитриеска-Кочоска: Нашиот пристап е јасен и двонасочен – силна поддршка на приватниот сектор и навремено сервисирање на обврските

    29.01.2026 во 19:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Mинистерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на пратеничко прашање денеска во Собранието, истакна дека Владата наследи исклучително тешка и алармантна финансиска состојба, со речиси целосно испразнета државна каса и над 70 проценти од буџетскиот дефицит потрошен уште пред промената на власта. Но, како што потенцираше министерката, она што било суштински важно за нејзе како министер за финансии и за Владата е дека на работите гледале во две јасни насоки.

    „Нашиот пристап е јасен и двонасочен – силна поддршка на приватниот сектор како двигател на економскиот раст и строга дисциплина во управувањето со јавните финансии. Приоритет ни е навремено сервисирање на обврските, стабилни јавни финансии и економија што создава додадена вредност. Улогата на државата е во позадина – колку е подобро организирана и колку повеќе го поддржува приватниот сектор, толку резултатите се подобри“, нагласи министерката.
    Таа посочи дека економските резултати во изминатиот период се значително подобрени. Растот на БДП по квартали во 2025 година достигна 2,9 проценти во првиот, 3,5 во вториот и 3,8 проценти во третиот квартал, додека номиналниот раст надмина 10 проценти. Овие трендови, како што истакна, создаваат услови за понатамошно намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг како процент од БДП.

    Во текот на 2025 година, за поддршка на приватниот сектор од буџетот се исплатени 16,9 милијарди денари преку различни механизми, вклучително и Развојната банка, средства кои веќе даваат конкретни резултати во економијата.
    Во однос на јавните финансии, министерката потенцираше дека фискалната консолидација не е декларативна, туку реална и мерлива. Буџетскиот дефицит е намален од речиси 8 проценти од БДП во 2020 година, на 4,4 проценти во 2024, 4 проценти во 2025 година, со проекција за дополнително намалување на 3,5 проценти во 2026 година.
    Министерката посебен акцент стави на успешно издадената еврообврзница на почетокот на 2026 година, која, според министерката, е реализирана во вистински момент и со историски најповолни услови – најниска маргина над ЕУРИБОР и најниски трошоци досега.
    „

    Интересот од инвеститорите достигна 4,3 милијарди евра за побараната сума од една милијарда евра, што е јасен показател за довербата во економските политики и институционалната стабилност на државата. Еврообврзницата не е сама по себе цел, туку мерка за довербата и перцепцијата за иднината на економијата. За првпат имаме значително учество на долгорочни институционални инвеститори, вклучително и најголемиот пензиски фонд од САД“, истакна министерката.

    Популарно

    Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда

    13.03.2026 во 23:01

    Тејлор Свифт на седмо место меѓу најбогатите славни личности

    13.03.2026 во 19:54

    Пленковиќ алармира: Новото кинеско оружје на Србија е прашање со кое мора да се занимава НАТО

    13.03.2026 во 22:53

    Петок со сонце и пролетни температури – Од утре лош пресврт со времето

    13.03.2026 во 08:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.