Close Menu
Press24
    Најново

    Хаос во Грција: Таксистите во штрајк на неодредено време, блокирани аеродромите и станиците

    17.03.2026 во 09:22

    Малолетник нападнат во Чаир

    17.03.2026 во 09:22

    Македонец уапсен во Грција: Дивеел со 223км/ч

    17.03.2026 во 09:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хаос во Грција: Таксистите во штрајк на неодредено време, блокирани аеродромите и станиците
    • Малолетник нападнат во Чаир
    • Македонец уапсен во Грција: Дивеел со 223км/ч
    • Шилегов по одлуката на СДСМ: Имам што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица
    • Драма во Чаир по полноќ – Полицијата интервенираше
    • Апсење на Блаце
    • Средношколци од Куманово во македонското Собрание
    • Се бараат информации за бенефиции, закони, работно време – Македонците се повеќе ги користат услугите на е-влада
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска: Есенскиот извештај на ЕК сигнал дека се движиме во позитивна насока

    Димитриеска-Кочоска: Есенскиот извештај на ЕК сигнал дека се движиме во позитивна насока

    18.11.2025 во 11:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Есенските економски проекции на Европската комисија, кои што се објавени вчера,  се јасен сигнал дека се движиме во позитивна насока, оценува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.   

    Во објава на Фејсбук наведува дека проекцијата за раст на македонската економија е зголемена за 2025 и 2026 година, што е потврда за стабилноста, издржливоста и довербата во нашите економски политики.

    Како што стои во објавата во Извештајот е нотирано дека во првата половина од годината растот на БДП беше повисок од очекуваното, поддржан од инвестиции, приватна потрошувачка и подобрени извозни перформанси. Инвестициите во инфраструктурата и приватниот сектор се позиционираат како двигатели на растот во следните години, а стабилизирањето на инфлацијата дополнително ја зајакнува економската предвидливост. Дополнително, реализацијата на големите инфраструктурни проекти и спроведувањето на реформите од Планот за раст на ЕУ ќе имаат поголем придонес за уште побрз развој.

    Како што пишува министерката ова се  позитивни сигнали од ЕК коишто се силен поттик да продолжиме со одговорни политики што ја зајакнуваат економијата и го подобруваат животниот стандард на граѓаните.

    „Како Влада и како Министерство за финансии, остануваме посветени на стабилни јавни финансии, фокусирани инвестиции и реформи што го забрзуваат економскиот развој“, истакнува министерката во објавата.

    Имено, во Есенскиот извештај на Европска комисија (ЕК) проекцијата за економски раст за 2025 година изнесува 3,2% и истата е зголемена за 0,2 п.п. во однос на претходниот извештај. Исто така, проекцијата за 2026 година ЕК ја ревидираше нагоре, односно истата е зголемена на 3,3% и  за 2027 година предвиден е раст од 3,3%.

    Популарно

    Ќе нема струја до 16 часот – Најавени исклучувања во повеќе скопски населби и села

    17.03.2026 во 08:24

    Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите

    16.03.2026 во 21:50

    По оставката на Бислимоски – РКЕ избира претседател

    17.03.2026 во 08:03

    Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка

    16.03.2026 во 22:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.