Економските показатели во одредени сектори конечно покажуваат позитивни резултати. Ме радува тоа што после долго време податоците за Бруто домашниот производ (БДП) покажуваат дека приватниот сектор е главниот двигател на економскиот раст во нашата земја, со особено значајно учество на градежништвото и земјоделството. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето гостување во Бизнис 21 на ТВ21, нагласувајќи дека растот денес не зависи од јавната потрошувачка, туку од активностите и инвестициите на приватните компании. „Она што посебно ме радува и охрабрува е фактот дека приватниот сектор создава нови можности, инвестира во развој и ја стимулира продуктивноста на економијата. Градежништвото бележи забележителен раст, кој директно влијае на инфраструктурниот развој, а земјоделството, после долги години негативни резултати, покажува позитивна динамика два последователни квартали. Ова јасно покажува дека сме на правилната патека и дека остваруваме резултати согласно она што како влада сме го планирале“, кажа министерката. Таа додаде дека, и покрај предизвиците во јавниот сектор и пазарните ограничувања, приватните компании продолжуваат да ја стимулираат економијата, придонесувајќи за стабилноста и одржливоста на Бруто домашниот производ. „Особено ме радува што растот сега го генерира приватниот сектор, кој е моторот на економијата, а не јавната потрошувачка, како што тоа беше случај во минатото“, нагласи Димитриеска-Кочоска. Министерката истакна дека Владата останува посветена на создавање услови за понатамошен развој на приватниот сектор. “Ќе продолжиме да поттикнуваме бизнис средина, да вложуваме во инвестиции, иновации и нови работни места и да ја одржуваме фискалната дисциплина. Приватниот сектор, особено градежништвото и земјоделството, покажуваат дека се основниот двигател на економскиот раст и ние ќе продолжиме да ги поддржуваме со конкретни мерки и стратегии“, подвлече таа. „Очекуваме дека оваа позитивна динамика ќе продолжи и во следните квартали, а Владата ќе остане фокусирана на зацврстување на економските основи, поддршка на бизнисите и создавање поволна клима за инвестирање“, заклучи министерката за финансии и додаде дека овие податоци за приватниот сектор се поттикнати и од поддршката која ја добија компаниите од унгарскиот кредит кој се реализира преку Развојната банка.
- Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени шест лица
- Страшна сообраќајка во Скопје: Тешко повреден 20-годишен мотоциклист по судир со автомобил
- Тешка сообраќајка: Камион на ЈП „Комуналец“ излета од пат кај Битола, тешко повреден работник
- Уапсени двајца работници кои краделе материјали од градилиштето на „Биљанини извори“
- Пожар проголта три возила под скопското Кале: Повреден граѓанин при обид да ги спаси
- Битолчанец заработи кривична: Вршел полови дејствија пред неговиот малолетен син
- Трагедија во Свети Николе: Почина маж во угостителски објект на Градскиот пазар
- Инцидент на патот Прилеп-Ресен: Оштетен минибус со охридски навивачи



