Економските показатели во одредени сектори конечно покажуваат позитивни резултати. Ме радува тоа што после долго време податоците за Бруто домашниот производ (БДП) покажуваат дека приватниот сектор е главниот двигател на економскиот раст во нашата земја, со особено значајно учество на градежништвото и земјоделството. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето гостување во Бизнис 21 на ТВ21, нагласувајќи дека растот денес не зависи од јавната потрошувачка, туку од активностите и инвестициите на приватните компании. „Она што посебно ме радува и охрабрува е фактот дека приватниот сектор создава нови можности, инвестира во развој и ја стимулира продуктивноста на економијата. Градежништвото бележи забележителен раст, кој директно влијае на инфраструктурниот развој, а земјоделството, после долги години негативни резултати, покажува позитивна динамика два последователни квартали. Ова јасно покажува дека сме на правилната патека и дека остваруваме резултати согласно она што како влада сме го планирале“, кажа министерката. Таа додаде дека, и покрај предизвиците во јавниот сектор и пазарните ограничувања, приватните компании продолжуваат да ја стимулираат економијата, придонесувајќи за стабилноста и одржливоста на Бруто домашниот производ. „Особено ме радува што растот сега го генерира приватниот сектор, кој е моторот на економијата, а не јавната потрошувачка, како што тоа беше случај во минатото“, нагласи Димитриеска-Кочоска. Министерката истакна дека Владата останува посветена на создавање услови за понатамошен развој на приватниот сектор. “Ќе продолжиме да поттикнуваме бизнис средина, да вложуваме во инвестиции, иновации и нови работни места и да ја одржуваме фискалната дисциплина. Приватниот сектор, особено градежништвото и земјоделството, покажуваат дека се основниот двигател на економскиот раст и ние ќе продолжиме да ги поддржуваме со конкретни мерки и стратегии“, подвлече таа. „Очекуваме дека оваа позитивна динамика ќе продолжи и во следните квартали, а Владата ќе остане фокусирана на зацврстување на економските основи, поддршка на бизнисите и создавање поволна клима за инвестирање“, заклучи министерката за финансии и додаде дека овие податоци за приватниот сектор се поттикнати и од поддршката која ја добија компаниите од унгарскиот кредит кој се реализира преку Развојната банка.
- Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
- Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
- Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
- Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
- Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
- Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
- Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
- Почнува судењето за убиството на Тупак

