Економските показатели во одредени сектори конечно покажуваат позитивни резултати. Ме радува тоа што после долго време податоците за Бруто домашниот производ (БДП) покажуваат дека приватниот сектор е главниот двигател на економскиот раст во нашата земја, со особено значајно учество на градежништвото и земјоделството. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето гостување во Бизнис 21 на ТВ21, нагласувајќи дека растот денес не зависи од јавната потрошувачка, туку од активностите и инвестициите на приватните компании. „Она што посебно ме радува и охрабрува е фактот дека приватниот сектор создава нови можности, инвестира во развој и ја стимулира продуктивноста на економијата. Градежништвото бележи забележителен раст, кој директно влијае на инфраструктурниот развој, а земјоделството, после долги години негативни резултати, покажува позитивна динамика два последователни квартали. Ова јасно покажува дека сме на правилната патека и дека остваруваме резултати согласно она што како влада сме го планирале“, кажа министерката. Таа додаде дека, и покрај предизвиците во јавниот сектор и пазарните ограничувања, приватните компании продолжуваат да ја стимулираат економијата, придонесувајќи за стабилноста и одржливоста на Бруто домашниот производ. „Особено ме радува што растот сега го генерира приватниот сектор, кој е моторот на економијата, а не јавната потрошувачка, како што тоа беше случај во минатото“, нагласи Димитриеска-Кочоска. Министерката истакна дека Владата останува посветена на создавање услови за понатамошен развој на приватниот сектор. “Ќе продолжиме да поттикнуваме бизнис средина, да вложуваме во инвестиции, иновации и нови работни места и да ја одржуваме фискалната дисциплина. Приватниот сектор, особено градежништвото и земјоделството, покажуваат дека се основниот двигател на економскиот раст и ние ќе продолжиме да ги поддржуваме со конкретни мерки и стратегии“, подвлече таа. „Очекуваме дека оваа позитивна динамика ќе продолжи и во следните квартали, а Владата ќе остане фокусирана на зацврстување на економските основи, поддршка на бизнисите и создавање поволна клима за инвестирање“, заклучи министерката за финансии и додаде дека овие податоци за приватниот сектор се поттикнати и од поддршката која ја добија компаниите од унгарскиот кредит кој се реализира преку Развојната банка.
- Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија
- Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка
- МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители
- Вработен во „Македонски железници“ со изгореници од струен удар итно пренесен во болница
- МВР со детали за пронајдениот леш во Зрновци
- Стружанец се обидел да ја напушти државата со куршуми во рачниот багаж
- Грозоморен настан во Зрновци: Силувано и убиено женско лице – пронајдено обезглавеното тело
- Прегазено осумгодишно дете на патот Радовиш-Конче, со тешки повреди пренесено во болница

