Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО: Фонтаната „Лотосов цвет“ повторно вратена на скопјани

    07.04.2026 во 23:41

    Падна првото селфи од вселената

    07.04.2026 во 23:26

    Ултиматумот под притисок: Пакистан бара од Трамп уште 14 дена за Иран

    07.04.2026 во 22:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВИДЕО: Фонтаната „Лотосов цвет“ повторно вратена на скопјани
    • Падна првото селфи од вселената
    • Ултиматумот под притисок: Пакистан бара од Трамп уште 14 дена за Иран
    • Вреди: Легитимни прашања бараат институционално решение, a не политичка инструментализација
    • Наместо расправа за заштита на жените од семејно насилство, во фокус законот за употреба на јазиците
    • Хаос во Франција: Речиси секоја трета бензинска пумпа е затворена поради недостиг на гориво
    • Вечерва замина фудбалска легенда
    • Мистерија во Вашингтон: Само Доналд Трамп ја знае судбината на иранскиот договор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст денес го носи приватниот сектор, по години пад имаме позитивни трендови во градежништвото и земјоделството

    Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст денес го носи приватниот сектор, по години пад имаме позитивни трендови во градежништвото и земјоделството

    24.09.2025 во 23:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     Економските показатели во одредени сектори конечно покажуваат позитивни резултати. Ме радува тоа што после долго време податоците за Бруто домашниот производ (БДП) покажуваат дека приватниот сектор е главниот двигател на економскиот раст во нашата земја, со особено значајно учество на градежништвото и земјоделството. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето гостување во Бизнис 21 на ТВ21, нагласувајќи дека растот денес не зависи од јавната потрошувачка, туку од активностите и инвестициите на приватните компании. „Она што посебно ме радува и охрабрува е фактот дека приватниот сектор создава нови можности, инвестира во развој и ја стимулира продуктивноста на економијата. Градежништвото бележи забележителен раст, кој директно влијае на инфраструктурниот развој, а земјоделството, после долги години негативни резултати, покажува позитивна динамика два последователни квартали. Ова јасно покажува дека сме на правилната патека и дека остваруваме резултати согласно она што како влада сме го планирале“, кажа министерката. Таа додаде дека, и покрај предизвиците во јавниот сектор и пазарните ограничувања, приватните компании продолжуваат да ја стимулираат економијата, придонесувајќи за стабилноста и одржливоста на Бруто домашниот производ. „Особено ме радува што растот сега го генерира приватниот сектор, кој е моторот на економијата, а не јавната потрошувачка, како што тоа беше случај во минатото“, нагласи Димитриеска-Кочоска. Министерката истакна дека Владата останува посветена на создавање услови за понатамошен развој на приватниот сектор. “Ќе продолжиме да поттикнуваме бизнис средина, да вложуваме во инвестиции, иновации и нови работни места и да ја одржуваме фискалната дисциплина. Приватниот сектор, особено градежништвото и земјоделството, покажуваат дека се основниот двигател на економскиот раст и ние ќе продолжиме да ги поддржуваме со конкретни мерки и стратегии“, подвлече таа. „Очекуваме дека оваа позитивна динамика ќе продолжи и во следните квартали, а Владата ќе остане фокусирана на зацврстување на економските основи, поддршка на бизнисите и создавање поволна клима за инвестирање“, заклучи министерката за финансии и додаде дека овие податоци за приватниот сектор се поттикнати и од поддршката која ја добија компаниите од унгарскиот кредит кој се реализира преку Развојната банка.

    Популарно

    ВИДЕО: Фонтаната „Лотосов цвет“ повторно вратена на скопјани

    07.04.2026 во 23:41

    Падна првото селфи од вселената

    07.04.2026 во 23:26

    Ултиматумот под притисок: Пакистан бара од Трамп уште 14 дена за Иран

    07.04.2026 во 22:58

    Вреди: Легитимни прашања бараат институционално решение, a не политичка инструментализација

    07.04.2026 во 22:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.