Close Menu
    Најново

    ФОТО: Град Скопје го објави списокот со изведувачи – позната агендата за утрешната прослава на Плотад Македонија

    30.12.2025 во 19:21

    Туск: САД се согласиле да распоредат сили во Украина по мировниот договор

    30.12.2025 во 19:13

    Русија тврди дека Украина нападнала резиденција на Путин

    30.12.2025 во 18:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ФОТО: Град Скопје го објави списокот со изведувачи – позната агендата за утрешната прослава на Плотад Македонија
    • Туск: САД се согласиле да распоредат сили во Украина по мировниот договор
    • Русија тврди дека Украина нападнала резиденција на Путин
    • Запрен сообраќај во тунелот под Ла Манш
    • Беким Сали именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница
    • Американски напад врз венецуелско пристаниште: Трамп тврди дека биле погодени нарко-бродови
    • Несреќа на жичарница во Италија – најмалку четири повредени, 100 спасени со хеликоптер
    • ​Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Димитријевиќ: Конче со Благој Илиев ќе биде подобро место за живеење, народот тоа го знае

    Димитријевиќ: Конче со Благој Илиев ќе биде подобро место за живеење, народот тоа го знае

    01.10.2025 во 19:15
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    ДПМНЕ го запре напредокот на општина Конче. Со Илиев, Конче ќе биде подобро место за живее, народот тоа го знае. Благој Илиев не само што ги знае проблемите на Конче туку ги има и решенијата, истакна генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ на предизборниот собир на СДСМ и Коалицијата во Конче.

    Димитријевиќ нагласи дека Конче заслужува да се врати на развојот започнат пред 2021 година, со чесност и одговорност која има Илиев и кандидатите за советници на СДСМ и Коалицијата, кои се подготвени да се борат за Конче.

    -Нашиот кандидат Благој Илиев е човек со визија, енергија и чесност. Тој веќе покажа дека знае како да решава проблеми и да работи во интерес на граѓаните. Затоа на овие избори да му дадеме поддршка – за да имаме вистинска грижа за сите нас. Да гласаме за него, затоа што нашиот дом Конче заслужува повеќе, повика Димитријевиќ.

    Генералниот секретар Димитријевиќ потсети дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Конче остави пустош и хаос, неостварени ветувања, исто како што Владата на ДПМНЕ и нивните сателити ја туркаат земјата во темнина, со партизација, непотизам и злоупотреби.

    Нагласи дека СДСМ се бори за ред и правда, за достоинствени плати, за пензија што носи мир за пензионерите, за млади што остануваат, за општини што работат за луѓето, што се отворени, чесни и вистински сервис на граѓаните. 

    -Се бориме за држава што е дом за сите. СДСМ е продолжение на најсветлата традиција на Македонија борбата за слобода, рамноправност и достоинство. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност: државата да биде дом за сите. Но нашиот дом мора да го браниме од оние што сакаат да го присвојат само за себе, да им го одземат на граѓаните и да го злоупотребуваат, крадат и запуштаат. Се бориме за држава што не е ничија приватна сопственост, туку заеднички дом со правила што важат за сите, порача од предизборниот собир во Конче генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.