Close Menu
    Најново

    Вучиќ го вклучи црвениот аларм: Ќе има војна

    03.10.2025 во 17:35

    Има 97 години и се кандидираше за советничка: Еве која жена руши политички рекорди

    03.10.2025 во 17:32

    Директорот добро помина: Плата за кој месец зема те прашувам бе

    03.10.2025 во 17:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Вучиќ го вклучи црвениот аларм: Ќе има војна
    • Има 97 години и се кандидираше за советничка: Еве која жена руши политички рекорди
    • Директорот добро помина: Плата за кој месец зема те прашувам бе
    • Сообраќаен хаос и попладнево во Скопје: Граѓаните се бесни и револтирани
    • Славески: Народната банка е пример за креирање политики засновани на квалитетни податоци и истражувања
    • Во ССК формирани четири нови групации: за енергетика, за пожарна заштита, за игри на среќа и за стартап компании
    • Стефковски:  Вардариште ќе прерасне во зелена оаза
    • Масовна смена на судии и обвинители после избори
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Димитријевиќ: Конче со Благој Илиев ќе биде подобро место за живеење, народот тоа го знае

    Димитријевиќ: Конче со Благој Илиев ќе биде подобро место за живеење, народот тоа го знае

    01.10.2025 во 19:15
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    ДПМНЕ го запре напредокот на општина Конче. Со Илиев, Конче ќе биде подобро место за живее, народот тоа го знае. Благој Илиев не само што ги знае проблемите на Конче туку ги има и решенијата, истакна генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ на предизборниот собир на СДСМ и Коалицијата во Конче.

    Димитријевиќ нагласи дека Конче заслужува да се врати на развојот започнат пред 2021 година, со чесност и одговорност која има Илиев и кандидатите за советници на СДСМ и Коалицијата, кои се подготвени да се борат за Конче.

    -Нашиот кандидат Благој Илиев е човек со визија, енергија и чесност. Тој веќе покажа дека знае како да решава проблеми и да работи во интерес на граѓаните. Затоа на овие избори да му дадеме поддршка – за да имаме вистинска грижа за сите нас. Да гласаме за него, затоа што нашиот дом Конче заслужува повеќе, повика Димитријевиќ.

    Генералниот секретар Димитријевиќ потсети дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Конче остави пустош и хаос, неостварени ветувања, исто како што Владата на ДПМНЕ и нивните сателити ја туркаат земјата во темнина, со партизација, непотизам и злоупотреби.

    Нагласи дека СДСМ се бори за ред и правда, за достоинствени плати, за пензија што носи мир за пензионерите, за млади што остануваат, за општини што работат за луѓето, што се отворени, чесни и вистински сервис на граѓаните. 

    -Се бориме за држава што е дом за сите. СДСМ е продолжение на најсветлата традиција на Македонија борбата за слобода, рамноправност и достоинство. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност: државата да биде дом за сите. Но нашиот дом мора да го браниме од оние што сакаат да го присвојат само за себе, да им го одземат на граѓаните и да го злоупотребуваат, крадат и запуштаат. Се бориме за држава што не е ничија приватна сопственост, туку заеднички дом со правила што важат за сите, порача од предизборниот собир во Конче генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ.

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Популарно

    Градинките ќе работат до 22 часот навечер

    02.10.2025 во 13:33

    Падна судијка – живеела во Скопје, а земала патни трошоци дека патува од Струмица

    02.10.2025 во 13:25

    И ова е можно: Затвореник пуштен на седумчасовно отсуство од затвор фатен како превезува 392 таблети бупренорфин во кумановско

    03.10.2025 во 14:47

    На кров на „Голф“ по Партизанска, полицијата ги пронајде и казни

    02.10.2025 во 22:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.