ДИК: ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ со помалку освоени мандати, албанскиот сектор ја зголемува застапноста во парламентот- можни се три коалиции

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, според проекцијата на ДИК за освоени мандати, во новиот собраниски состав ќе имаат помалку пратеници од досега, додека ДУИ и Алијанса за Албанците ќе ја зголемат својата застапеност во Парламентот.

Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ во новиот собраниски состав ќе има 46 пратеници, а во претходниот имаше 49. ВМРО-ДПМНЕ сега ќе има 44 пратеници, седум помалку од претходниот пратенички состав.

 На гласање вчера излегоа околу 923.000 граѓани или 51 отсто, а во 2016 гласаа 1.191.852 или 66,79 проценти. Овие избори се одржаа и во специфични услови на корона криза и гласање под посебни здравствени протоколи.

ДУИ во новото Собрание ќе има 15, а Алиајансата за Албанците која сега е во коалиција со Алтернатива од досегашните тројца го зголемува бројот на 12 пратеника. ДПА ќе има еден пратеник, наместо двајца како досега.

ДУИ на вчерашните избори доби 101.432, а за Алијанса за Албанците и Алтернатива гласаа 76.425.

Левица која прв пат влегува во Парламентот, и во новиот собраниски состав ќе има двајца пратеници, доби 37.057 гласови што е за 25.000 повеќе од претходните парламентарни избори.

ДПА, пак, доби 13.553 гласа, што е речиси двојно помалку од изборите во 2016 година.

БЕСА која на овие избори беше во коалиција со СДСМ, на претходните избори освои 57.868 гласови и имаше пет пратеници во Собранието. Пратеничката група на БЕСА потоа се подели, и тројца преминаа во Алтернатива која на овие избори е во коалиција со Алијанса за Албанците.

ИЗ1- СДСМ 8 пратеници , ВМРО 7, ДУИ 2, АА 2 и Левица 1.

ИЗ2- СДСМ 7 пратеници, ВМРО 7, ДУИ 3, АА3.

ИЗ3- ВМРО 10 пратеници, СДСМ 9, Левица 1

ИЗ4 -ВМРО 10, СДСМ 10

ИЕ5- СДСМ 8, ВМРО 8, ДУИ 3, АА 1

ИЕ6- ДУИ 7, АА 6, СДСМ 4, ВМРО 6

Вкупно гласаа  околу 923.000, приближо 51 отсто.

Можни коалиции се предвидуваат помеѓу СДСМ, ДУИ и ДПА, со што ќе добијат 61 пратеник за да формираат Влада. 

Други две опции се СДСМ+Алијанса+Левица+ДПА или пак ВМРО- ДПМНЕ заедно со Дуи и Левица. 

Следува период на преговарање и формирање на парламентарно мнозинство и формирање на влада.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега