Close Menu
Press24
    Најново

    Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија

    21.03.2026 во 16:06

    Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка

    21.03.2026 во 15:17

    МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители

    21.03.2026 во 15:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија
    • Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка
    • МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители
    • Вработен во „Македонски железници“ со изгореници од струен удар итно пренесен во болница
    • МВР со детали за пронајдениот леш во Зрновци
    • Стружанец се обидел да ја напушти државата со куршуми во рачниот багаж
    • Грозоморен настан во Зрновци: Силувано и убиено женско лице – пронајдено обезглавеното тело
    • Прегазено осумгодишно дете на патот Радовиш-Конче, со тешки повреди пренесено во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДИК утре ќе ги објави целосните конечни резултати од гласањето во сите општини

    ДИК утре ќе ги објави целосните конечни резултати од гласањето во сите општини

    27.10.2025 во 18:184 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе ги објави целосните конечни резултати од гласањето во сите општини поединечно на 19 октомври во првиот круг на Локалните избори, соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко на денешната 150. седница на Комисијата.

    -ДИК ја информира јавноста дека ние за денеска планиравме конечно да ги објавиме конечните резултати во сите општини врз основа на спроведените постапки по приговори и поднесени тужби до Управниот суд. Меѓутоа, со оглед на тоа што дека се уште во текот на денешниот ден трае постапката пред Управниот суд со закажани рочишта по конкретни тужби со точно определена саатница која ќе трае до доцна вечерва, предлагам оваа точка да ја одложиме за утре кога ќе одржиме продолжение на оваа седница. Заклучно со денов, ќе ги имаме сумирано сите конечни резултати согласно завршувањето на постапката по правните лекови по тужбите пред Управниот суд. Во текот на утрешниот ден ДИК ќе излезе со целосен преглед на конечни резултати каде не се поднесени тужби, односно каде гласањето е завршено и каде ќе има втор круг на гласање. Но, мора да почекаме Управниот суд да одлучи во текот на денешниот ден за да објавиме целосни конечни резултати за сите општини поединечно, рече Кондарко.

    Членовите на ДИК донесоа одлука за разрешување на членовите на избирачките одбори во две избирачки места во Општина Шуто Оризари.

    -Согласно одлуката на Управниот суд за поништување на гласањето на овие избирачки места, сметаме како Државна изборна комисија дека треба да преземеме мерки за соодветна организација за гласањето во вториот круг во Општина Шуто Оризари. Во согласност со закон, грижејќи се за законитоста на процесот, сметаме дека се направени пропусти во спроведувањето на изборната постапка во овие две избирачки места каде што Управниот суд го поништил гласањето. Ние како ДИК мораме да интервенираме и да определиме, да назначиме нови избирачки одбори кои ќе го спроведат гласањето во овие две избирачки места. За избирачкото место 2962 се однесува за постапката за гласање за градоначалник, додека за избирачкото место 2966 се однесува за резултатите за изборот на советници, нагласи Кондарко.

    Тој воедно информира дека во консултација со соодветните општински изборни комисии каде што нема спроведување на втор круг на гласање, ДИК утре ќе назначи нови избирачки одбори кои добро го спровеле гласањето од други општински изборни комисии. Кондарко потенцира дека во врска со назначувањето на двете избирачки места нема да се оди со избирачки одбори од ОИК Шуто Оризари, ниту со случаен избор на нови, туку ќе се оди со избирачки одбори делегирани од друга општинска изборна комисија кои веќе имаат искуство и по препорака на општинските изборни комисии кои без никакви проблеми го имаат спроведено гласањето.

    -Ова може Обвинителството да го смета како информација по допрен глас. И без некое посебно наше известување може да се интересира, ние ќе ја доставиме целокупната документација евентуално доколку има основи на кој начин случајно, намерно од кого, кога се направени ваквите пропусти, дали има простор за евентуална одговорност и постапување. На овој начин ја праќаме пораката дека нема да се толерира никакво незаконито работење на избирачките одбори – не само што ќе бидат разрешени, туку ќе се преземаат сите други неопходни мерки со цело обезбедување и гарантирање на заштита на изборниот процес, заштита на законитоста, рече Кодарко.

    Вкупниот број на досегашни акредитирани набљудувачи е 1.565 набљудувачи, од кои 94 домашни и 651 меѓународни набљудувачи, а меѓу нив се и 14 странски новинари. ДИК денеска за Европскиот парламент дополнително одобрри шест набљудувачи и за Здружението за развој на општествено социјални иновации „Вејк ап“-Скопје дополнителни 97 набљудувачи.

    Членовите донесоа одлука за определување на авансни средства во вредност од осум илјади денари по рута за вработените на ДИК ангажирани за транспорт на доверливиот изборен материјал за уредите за биометриска идентификација.

    До ДИК биле доставени вкупно девет приговори за лично избирачко право. Членовите на ДИК по извршената проверка одлучија да ги одбијат како неосновани три приговори, а прифатија шест.

    Популарно

    Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија

    21.03.2026 во 16:06

    Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка

    21.03.2026 во 15:17

    МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители

    21.03.2026 во 15:08

    Вработен во „Македонски железници“ со изгореници од струен удар итно пренесен во болница

    21.03.2026 во 15:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.