Close Menu
Press24
    Најново

    Блокирале пат, се заканувале на полицајци и го навредувале министерот – четворица битолчани заработиле кривични

    24.03.2026 во 13:22

    Крвава ноќ во Скопје: Млад скопјанец итно пренесен во „8-ми Септември“ со рани од нож

    24.03.2026 во 13:18

    Мицкоски: ЕСМ не само што ги задоволува потребите, туку и продава струја во ноќните часови

    24.03.2026 во 13:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Блокирале пат, се заканувале на полицајци и го навредувале министерот – четворица битолчани заработиле кривични
    • Крвава ноќ во Скопје: Млад скопјанец итно пренесен во „8-ми Септември“ со рани од нож
    • Мицкоски: ЕСМ не само што ги задоволува потребите, туку и продава струја во ноќните часови
    • Приведен 33-годишник од демирхисарско: Полицијата дома му пронајде пушки и муниција
    • Мицкоски: Од денес 3 денари попуст на сите бензински на ОКТА
    • Манасиевски: Башановиќ и Шчекиќ го тонат СДС – Филипче со молкот ја потврдува соработката со српските стратези
    • Циклон ја зафаќа Македонија: Подгответе се за обилни врнежи од дожд и снег
    • Битиќи: Намалувањето на ДДВ за горивата е само лепење фластер на рана
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори

    ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори

    10.10.2025 во 16:453 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Државната изборна комисија (ДИК) попладнево во рамки на 142- седница донесе одлука за одобрување акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори закажани за 19 октомври.

    За Здружението на граѓани Цивил – Центар за слобода Скопје беа одобрени 51 набљудувачи, за Европскиот парламент дополнителни 12, за Здружението на граѓани за зајакнување на демократските врендости Триси консталтикс-Скопје – 36, за Државната изборна комисија на Молдавија – двајца, за ОДИХР – 98, за Здружението за развој на општествено социјални иновации Вејк ап – 398 акредитации за набљудувачи, за Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид 27, за Национални мрежи Жените за жени – 20, за Амбасада на Република Албанија во земјава – четтворица и за Британската амбасада во земјава беа одобрени 12 акредитации за набљудувачи.

    -Секако, ќе го почитуваат кодексот на однесување и на правилата на самите избирачки места. Со ова нивно остварено право на набљудување, можат на целата територија на Република Северна Македонија каде и да сакат набљудувачите да појдат и да ги набљудуваат нашите локални избори за оваа година, рече членката на ДИК, Светлана Карапетрова.

    Претседателот на ДИК, Борис Кондарко појасни дека формално истекува рокот за поднесување барања за набљудување, но оти додека има временски објективни услови за процесирање на барањата ќе бидат прифатени. Упати молба до заинтересираните што побрзо да достават барања за акредитации за набљудувачи, за да не остават за последните денови пред изборите.

    -Нема да има никаков проблем и доколку вон рокот пристигнат дополнителни барања, ние во интерес на процесот и транспарентноста сите ќе ги одобриме и прифатиме. Но, замолуваме доколку има се уште заинтересирани тоа да го направат што побрзо во наредните денови, да не оставаме за последните неколку дена пред изборите, рече Кондарко.

    Во рамки на денешната седница, членовите на ДИК прифатија еден приговор од едно лице од Струга за лично избирачко право.

    -Граѓаните кои ќе поднесат приговор до ДИК за заштита на лично избирачко право повикувајќи се на член 149а од Изборниот законик потребно е решението што ќе го донесе ДИК да го имаат со себе на денот на гласањето, односно да пристапат пред Избирачкиот одбор заедно со решението за усвоен приговор за заштита на лично избирачко право. Исто така, претставува основ да може Избирачкиот одбор да постапи по истото и да им го овозможи остварувањето на правото на глас и да бидат запишани во посебниот образец за запишување кој е составен дел од Избирачкиот список, истакна членот на ДИК, Ангелчо Ристов. 

    Популарно

    Блокирале пат, се заканувале на полицајци и го навредувале министерот – четворица битолчани заработиле кривични

    24.03.2026 во 13:22

    Крвава ноќ во Скопје: Млад скопјанец итно пренесен во „8-ми Септември“ со рани од нож

    24.03.2026 во 13:18

    Мицкоски: ЕСМ не само што ги задоволува потребите, туку и продава струја во ноќните часови

    24.03.2026 во 13:03

    Приведен 33-годишник од демирхисарско: Полицијата дома му пронајде пушки и муниција

    24.03.2026 во 12:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.