Close Menu
Press24
    Најново

    Истрагата се проширува: Се вештачат три телефони на осомничениот за убиството на жената, притворот продолжен за нови 48 часа

    05.03.2026 во 12:17

    Падна дилер од Прилеп: МВР му пронајде марихуана и прашкаста материја при претрес во домот

    05.03.2026 во 12:12

    Ужас во Охрид: Син со нож го нападнал сопствениот татко среде бел ден

    05.03.2026 во 11:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Истрагата се проширува: Се вештачат три телефони на осомничениот за убиството на жената, притворот продолжен за нови 48 часа
    • Падна дилер од Прилеп: МВР му пронајде марихуана и прашкаста материја при претрес во домот
    • Ужас во Охрид: Син со нож го нападнал сопствениот татко среде бел ден
    • Во 2030 година со воз од Скопје до Софија – пробиен последниот тунел кај Крива Паланка
    • На државно земјиште си изградил куќа – жител на Центар Жупа заработи кривична
    • Трамп доби „зелено светло“ за војната: Сенатот ја отфрли резолуцијата за запирање на нападите врз Иран
    • Судење за трагедијата во Пулс: Одбраната побара спојување со актот против 13 полицајци
    • Газда Деко нема да биде префрлен во Шутка – Само душекот не му бил добар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДИК информира: Почна собирањето потписи за независни кандидати за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа

    ДИК информира: Почна собирањето потписи за независни кандидати за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа

    21.11.2025 во 10:431 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека денеска и официјално започнува постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници во четири општини: Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа.

    Постапката за поддршка на независните кандидатури ќе трае до 30 ноември 2025 година, кога потписите ќе можат да се предаваат до 24:00 часот.

    Потписите ќе се собираат пред службените лица на надлежните подрачни одделенија и канцеларии на ДИК, како и пред надлежен нотар. Собирањето ќе се одвива секој работен ден во редовното работно време, односно од 8:30 до 16:30 часот.

    ДИК информира дека за собирање потписи за градоначалник на Гостивар, Маврово и Ростуше и Врапчиште е надлежно Подрачното одделение на ДИК – Гостивар. Канцеларијата на ДИК – Дебар е надлежна за општина Центар Жупа.

    Повторените избори за градоначалници во овие четири општини се одржуваат бидејќи на Локалните избори на 19 октомври 2025 година не беше постигнат цензус, со што не беа избрани градоначалници.

    Популарно

    Кој ќе го купи Аудито на Мерко – Почетна цена од 21.800€

    05.03.2026 во 10:12

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко

    04.03.2026 во 23:29

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.