ДИК ги соопшти резултатите од 72 отсто од преброените гласови

 Од преброени гласови од 2.491 од вкупно 3.480  гласачки места, или околу 72 отсто од избирачките ливчиња Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,9 отсто од гласовите пред Коалицијата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ со 35,9.

Податоците објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не им функционира, покажуваат дека за ДУИ гласале 10,18,  за Алијанса на Албанците и Алтернатива 7,96, за Левица 4,14, за Интегра 1,39, за ДПА 1,3 , а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 23:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега