Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија потпишаа Меморандум за соработка во пресрет на претстојните Локални избори.
Со овој Меморандум трите институции ја зацврстуваат својата определба за непосредна соработка, координација и заемна помош при спроведување на одредбите за финансирање на изборната кампања, размена на информации и податоци, како и навремено постапување по
утврдени неправилности.
Посебен акцент е ставен на транспарентноста во финансирањето на изборната кампања преку редовна размена на финансиски извештаи, како и на заеднички активности за унапредување на почитувањето на изборната регулатива со цел спроведување слободни, фер и демократски избори.
Меморандумот предвидува и меѓусебна соработка во делот на постапување по претставки, приговори и други постапки од заеднички интерес, консултации и размена на искуства, како и создавање и имплементација на заеднички проекти.
Со потпишувањето на овој документ, ДИК, ДКСК и ДЗР испраќаат јасна порака за нивната решителност да обезбедат кредибилен изборен процес и да ја зголемат довербата на граѓаните во институциите и изборите.
- Алиу: Со тригодишниот модел на набавка до поодржлив систем за лекови за ретки болести
- Индиски танкери поминаа низ „жешкиот“ Ормуски Теснец
- Иран ги заострува одбранбените механизми: Нови директиви од врховниот лидер
- Дипломатски пресврт: Трамп тврди дека САД и Иран ги усогласиле клучните ставови
- Примена на намалена стапка на ДДВ за горива од 18% на 10% – задолжително усогласување на фискалните системи
- Муцунски на средбата со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес
- Фудбалски тренер од Куманово претепан среде натпревар – го нападнале татко и син
- Министерот Алиу на средба со Националната алијанса за ретки болести – со тригодишниот модел на набавка до поодржлив систем за лекови за ретки болести

