Диетата на Наташа Беквалац: Намалила 10 килограми за 30 дена

Наташа Беквалац никогаш не била поубава, коментираат сите што неодамна ја виделе пејачката.

Покрај редовните тренинзи, за ова е заслужна и исхраната на Наташа Беквалац, односно диетата на која новосадската барбика ѝ е верна со години.

Добро обликуваните и затегнати мускули, како и младешкиот изглед, се резултат на долгогодишно тренирање, како и адаптиран начин на исхрана.

„Веќе нема прашање дека можам да јадам што сакам и кога сакам или да не вежбам ништо. Пред 15 години можев да кажам дека тоа е само мојата генетика, но сега работите се сменија. Секој ден имам точен план – знам каква храна да јадам, колку вода да пијам и колку да мрдам. Морам да бидам во топ-форма во секое време. Ако пропуштам 10 дена вежбање, тоа многу го забележувам“, изјави пејачката за српските медиуми.

Таа отстранила одредени продукти од менито и успеала да изгуби дури 10 килограми за еден месец.

„Ги исфрлив печивата, компирите, сојата, гравот, боранијата, тестенините, грашокот, оризот, грицките, слатките и соковите, само во недела јадев овошје. Така успеав да ги изгубам вишокот килограми за кратко време“, изјави Наташа.

Од менито не го исклучува ниту месото.

„Ми беше дозволено да јадам секакво месо, но не смеев да јадам премногу маснотии, јадев дури и јајца на секакви начини, млечни производи, но не претерував со сирење и фета.

Користев неограничени количини свеж зеленчук. Најмногу јадев зелка, зелена салата, краставица, карфиол, брокула, кромид и домати, како и јаткасти плодови. Пиев по два и пол литри вода дневно.

Наташа истакна дека најважен е редоследот на внесување храна.

„Првите шест дена од неделата јадев сѐ – од салата до месо, а седмиот ден за појадок и ручек храна од „забранетата листа“, како тестенини, компири и ориз.

Слатки – никако. А ако сакам десерт, би зела една лажица мед или интегрален бисквит. По седмиот ден, се почнува од почеток и така до посакуваните резултати“, објасни таа.

19.02.2024 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега