Диџејката од контроверзната сцена на отворањето на Олимписките игри добивала закани за силување и смрт

 

Француската диџејка Барбара Буч, која настапи на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз, поднесе пријава по добивањето низа навреди и смртни закани.

Имено, Буч за време на церемонијата настапи во драг-шоу, што предизвика многубројни негативни реакции бидејќи многу гледачи овој дел од перформансот го протолкуваа како пресоздавање на уметничкото дело на Леонардо да Винчи, „Тајната вечера“.

Адвокатот на Барбара Буч рече дека ѝ се заканувале со смрт, мачење и силување, а исто така била цел на многубројни антисемитски, хомофобични, сексистички и други навреди.

Француските власти обично ги истражуваат извештаите пред да одлучат дали да почнат официјална полициска истрага.

Уметничкиот директор на церемонијата, Томас Џоли, ја негира сличноста со познато уметничко дело, а некои уметнички експерти рекоа дека сцената повеќе личи на слика на грчки богови.

Наместо тоа, режисерот Томас Џоли рече дека секвенцијата наречена „Фестивал“ е инспирирана од грчката митологија и има цел да ја слави различноста додавајќи дека неговата намера не била субверзивна и дека не сакал никого да исмева или шокира.

31.07.2024 - 15:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега