Ди - џејот Мирко Попов се бори за живот на скопските Клиники
Познатиот автор и продуцент на електронска музика вечерва е хоспитализиран на Клиниката за реанимација и интензивно лекување на скопските клиники.
Според информациите до кои дојде Скопје Инфо тој во тешка здравствена состојба, синоќа е примен во болница, во моментов е ставен на машина за дишење, а медицинскиот персонал се бори за неговиот живот.
Неофицијално, причината за хоспитализацијата е обилно мозочно крварење.
Познатиот македонски музичар и основоположник на PMG production, има одиграно во неколку театарски претстави и филмови.
20.03.2024 - 08:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа