Девојката на исчезнатиот Матеј Периш е фатена во лагата: Важен момент од нејзината изјава не се вклопува со реалноста

По емитувањето на интервјуто на Хрватката Маја Шопта, со која се дружеше исчезнатиот Матеј Периш од Сплит и со која се обиде да стапи во контакт во Белград, се појавија многу коментари за верзијата на настаните која таа ја кажува, особено делот каде таа споменува „снег и мраз“ за 30 декември, кога во Белград немаше ни снег ни мраз.

-Имав голем проблем да се паркирам пред ресторанот на Карабурма на тој 30 декември поради обилниот снег и мраз, не сум навикната на такви услови бидејќи живеам на медитеранската рива и поради таа причина не му се јавив на Матеј, рече таа меѓу другото.

Корисниците на социјалните мрежи веднаш посочија дека лаже, со оглед на тоа дека ноќта во Белград било повеќе од 10 степени и дека немало снег.

24.01.2022 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега