Девојка на ТикТок откри што значи кога метеоролозите велат дека постои 30% шанса за врнежи од дожд

Многумина од нас се прашуваат што значи кога метеоролозите ќе кажат дека постои одреден процент за можност за врнежи, но поголем дел од нас всушност размислува погрешно.

Една корисничка на ТикТок открила што всушност значи тој процент и изненади многумина, пренесува „Mirror“.

На социјалната мрежа девојката е позната како @sydjkell, а нејзиното видео било прегледано над 10,5 милиони пати.

„Мислев дека кога метеоролозите ќе кажат дека постои 30 отсто можност за врнежи, тоа значи дека постои 30 отсто шанса дека ќе врне дожд. Никогаш не знаев дека всушност тоа значи дека сигурно ќе врне дожд, но дека во само 30 отсто од територијата ќе се случи тоа. Значи, доколку пишува 100 отсто врнежи, тоа значи дека цела територија ќе биде зафатена од врнежи“, објаснува девојката во видеото.

@sydjkell

#stitch with @sooklyn #ColorCustomizer I have toooo many of these. I’ll do another weather one. #embarassing #iwastodayyearsold

♬ original sound - Syd

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2021 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега