Девојче прегазено на булевар Србија - префрлено на Ургентен

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Девојчето било удрено од возило марка „фолксфаген пасат“.

Како што пишува порталот „24инфо“, станува збор за девојче на возраст од околу 12 години.

Тоа е однесено на Ургентен, но засега нема информации за неговата здравствена состојба. Полицијата во моментот врши увид, и откако ќе заврши МВР ќе се огласи со повеќе детали за сообраќајната несреќа.

07.12.2023 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа