Детектор: Граѓаните не се задоволни од услугите на јавната администрација

Граѓаните не се задоволни од услугите кои ги нуди јавната администрација. Вакви резултати дава последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 56,4% од анкетираните не се задоволни од услугите на администрацијата додека нешто под 41% рекле дека се задоволни.

Во споредба со анкетите на Детектор од претходните години нема некоја значителна разлика во степенот за задоволство кај граѓаните од услугите кои ги добиваат од јавната администрација.

Во моментов граѓаните се најзадоволни од услугите кои што ги нудат општините. Ваков став делат 12,7% од анкетираните. Следи МВР со нешто под 10%.


Споредбата со ланската анкета дава интересни податоци имајќи предвид дека лани МВР го држеше врвот како институција од која граѓаните се најзадоволни пред локалната самоуправа, но во моментов, ситуацијата е обратна.

Очекувано, по кризата со издавање на документи. МВР е институцијата од која граѓаните се најмалку задоволни. Ваков став дели речи си секој четврти анкетиран граѓанин или 24% од вкупната бројка.
Следи Фондот за здравство за кого 8% од граѓаните рекле дека е институција од која се најмалку задоволни.

Споредбата со минатата година дава големи разлики само кај полицијата, имајќи предвид дека во 2023 во анкетата на Детектор само 7% од анкетираните го посочиле МВР како институција од која се најмалку задоволни.

Во моментов, МВР е институцијата за која граѓаните велат дека најчесто имаат потреба да им заврши некоја услуга. Ваков став делат 23% од анкетираните. Следат општините со 16% и Фондот за здравство во 13,%. Без некакви промени е и споредбата со нашата анкета од претходната година.

Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари годинава.

17.03.2024 - 18:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега