Детектор: Државата не е подготвена да се справи со економската криза и инфлацијата – мерките на Владата не даваат резултати

Над 60% од граѓаните сметаат дека државата не е подготвена да се справи со економската криза и инфлацијата, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 60,7% од анкетираните сметаат дека Македонија не е подготвена да се справи со економската криза и инфлацијата, додека подготвеност гледаат 32,4%.

62,7% од граѓаните се на ставот дека досегашните мерки кои Владата ги воведе за справување со последиците од економската криза и инфлацијата не даваат резултати, додека ефект од нив гледаат 28,5% од анкетираните.

 

Најнезадоволни од мерките се во пелагонискиот регион каде 69% од граѓаните се на ставот дека владините мерки не даваат резултати.

 

Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември

29.01.2023 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега