Дете од скопска градинка позитивно на Ковид 19

Прв случај на дете заразено со Ковид-19 бил забележан во скопска градинка, дознава Сител. Информацијата за Сител ја потврдија и од Министерството за труд и социјална политика.

Позитивни на вирусот се и родителите на детето, а утрово во градинката бил направен и епидемиолошки надзор.

Во домашна излација ќе одат сите деца кои биле во група со заразеното дете.

Владата на седница усвои Информација за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца – градинки / центри за ран детски развој за време на пандемија КОВИД-19,  на 9 септември 2020 година.

Оттогаш, па досега беа регистрирани 3 заразени воспитувачки во Скопје, Битола и Свети Николе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега