Детали за земјотресите кои ја потресоа Македонија

 


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, 16.12.2024 година, регистрира три земјотреси во различни делови од Републиката.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата:

1. Во 01 часот и 12 минути беше регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа 111 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда МL3.3 и е почувствуван во Валандово, Богданци и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

2. Во 01 часот и 14 минути беше регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа 113 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова  локална магнитуда МL2.2 и е почувствуван во Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

3. Во 01 часот и 22 минути беше регистриран земјотрес чиј епицентарсе наоѓа во Скопје со Рихтерова локална магнитуда МL2.7 и е почувствуван во Скопје и околината  со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

16.12.2024 - 09:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега