Детали за здравствената состојба на младиот прилепчанец кој почина од Ковид: Не бил вакциниран и имал дијабетес

Младиот прилепчанец кој денеска почина од ковид-19 имал дијабетес, примал инсулин и не бил вакциниран, соопшти Министерството за здравство.

-Според информациите од установите каде е третиран, 22-годишниот пациент бил пренесен во Градската општа болница (ГОБ) ‘8 Септември’ од Прилепската болница со тешка кетоацитоза, pH вредност 6.8, со многу висока гликемија и висока температура од 39 степени. Пациентот боледувал од дијабет тип два и бил на терапија со инсулин. Од прегледот на историјата на пациентот и контактот со лекарите кои го следеле, има податок дека нередовно употребувал инсулин и не одел на контролни прегледи. На рентген при прием му била утврдена билатерална бронхопневмонија, а за време на болничниот престој имал тахикардија, велат од Министерството за здравство.

27.01.2022 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа