Детали за убиството на полицаецот во Велес: 23 годишната девојка му забила нож во срце
40 годишен полицаец од Велес е убиен по љубовна расправија а за убиството се сомничи неговата 23 годишна партнерка. Како што информира МВР, утрово два часа по полноќ во полиција било пријавено дека во куќа на улицата Максим Горки во Велес има тело на маж. Екипата на итната медицинска помош веднаш пристигнала на местото каде што можеле само да констатираат смрт. Полицаецот бил прободен со нож во стомакот. Полицијата веднаш привела една 23 годишна девојка која се уште била на местото на настанот која се сомничи дека го извршила убиството. Од МВР го потврдуваат случајот и приведувањето најавувајќи повеќе детали во текот на денот.
Основното јавно обвинителство во Велес по добиени информации во текот на ноќта, изврши увид во куќа во Велес каде е извршено кривично дело Убиство. Првичните сознанија на обвинителството упатуваат на констатација дека смртта кај пронајденото починато лице, велешанец на возраст од 40 години, настапила по убод со нож во пределот на срцето.
По наредба на јавен обвинител, подигнати се траги и предмети од самото место на настанот кои ќе бидат доставени на вештачење, а телото на починатото лице – вработен во СВР Велес, предадено е на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија заради вршење на обдукција“-се вели во соопштението на обвинителството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа