Детали за убиството на цело семејство во Србија - деца виделе и слушнале се, убиецот избегал со моторна санка

44-годишниот Енедин Т. е осомничен дека вчера ја убил својата поранешна сопруга, нејзините родители и го ранил брат ѝ во селото Расно, кај Сјеница.

Убиени се 64-годишниот Фехим Ш., 60-годишната Шефка Ш., 44-годишната Бисера Ш., а ранет е  35-годишниот Беким Ш., додека уште двајца роднини кои биле во куќата за време на убиството, Зинета А. и Невзат А. се исто така ранети.

-Сопругата на Беким се породи пред пет дена. Прославуваа раѓање на дететот, кога ова се случи. Инаку, Беким работел едно време во Германија, иузградил куќа во која живеел со семејството. Многу добар човек е тој, но и неговата сопруга. Не знам што му било на зетот за вакво нешто да направи - раскажал еден од познаниците на ова семејство.

Да биде уште потрагично, ова морничаво злосторство се одиграло пред очите на децата, на покојната Бисера Ш. и Енедина Т. кои играле во другата соба.

-Децата беа во другата соба, не знам кое уште од сесодските деца беше со нив. Но, страшно е што тие сето тоа го видоа и случнаа - навела една роднина на семејството.

Оваа наизглед среќна прослава поради приновата сер претворила во трагедија која сите ќе ја паметат до крајот на животот. Бисера и Енедин билењ во брак, живееле во Германија. Меѓутоа, кога се разделиле таа се вратила во својот роден крај и продолжила со живот со своите родители, кои исто така биле убиени вчера.

Неколку моменти после злосторството, во семејната куќа дошол еден роднина на семејството и ги затекнал жртвите, а убиецот наводно го видел како заминал со моторна санка.

-Поради преголемиот снег најверојатно му било полесно со моторна санка да дојде за побрзо да избега.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2021 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа