Детали за страшната несреќа кај Мостар: Загина тричлено семејство

Четири лица загинаа, а четворица се тешко повредени, од кои едно се здоби со повреди опасни по живот, е епилогот од страшната сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот М-17 во градот Буна, јужно од Мостар.

Како што е потврдено за „Аваз“, загинати се Б.К.(35), М.К.(34) и Р.К.(9) кои биле во автомобилот „рено сценик“ и М.П.(46) од автомобилот БМВ Х5.

Во Рено имало членови на едно семејство: сопруга, сопруг и дете…

Во оваа несреќа учествувале четири автомобили. Со тешки телесни повреди се здобиле и луѓето од другите два автомобили.Сите околности на оваа страшна несреќа се уште се утврдуваат. Истрагата, која ја спровеле припадници на полициската управа во Мостар, а ја водел дежурниот кантонален обвинител, траела повеќе од пет часа.

25.09.2022 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега