Детали за пожарот утрово во Тетово - во зградата немало хидранти, чадот ги разбудил станарите

Пожар во подрумските простории во една од зградите познати како комплекс „Чешел“ на улица „Борче Кочоски“ во Тетово се случи рано утринава околу 4:30

Мирис на чад ги разбудило станарите,објави Телма

-Пожарот настанал на табла за струјомери во подрумските простории. Ние веднаш почнавме да интервенираме со ПП апарати. Поради тоа се појави голем чад кој се прошири низ ходниците на целата зграда и затоа се одлучивме да ги евакуираме сите станари. При тоа, наидовме и на три неподвижни лица, но сите ги извадивме надвор. Неколкумина од нив поради чадот побараа и добија помош од медицинскиот персонал кои дојдоа со амбулантски возила. Голема помош во евакуакцијата имавме од полицајците, изјави Ука Алити, командант на тетовските пожарникари.

Пожарникарите велат дека во зградата немало хидранти, ниту ПП апарат, а дополнителен проблем за нив биле и паркирани автомобили, поради што им бил отежнат пристапот до опожарениот објект. Тетовци се исплашени по трагедијата која се случи во болницата и по неколкуте пожари изминатиов период, па стравуваат за својата безбедност.

За два дена ова е втор пожар во подрумски простории на зграда во Тетово. Од Пожарната апелираат до куќните совети да бидат поодговорни и да преземат поголеми безбедносни мерки за заштита од пожари, но и да не ги полнат подрумските протории со непотреби предмети, кои можат да бидат лесно запаливи.

15.09.2021 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега